Со засилени градежни зафати изминатите три месеци во новата туристичка населба Карач во Дојран изградени се 16 нови викенд-куќи, што претставува реализација на 55 отсто од планираните 29 локации за градба. Новата населба зафаќа површина од 61 хектар од кои над 8.000 квадратни метри се наменети за викендици, 5,6 хектари за зеленило, речиси еден хектар за детско игралиште, а зафаќа и 16,5 хектари од брегот на езерото наменет за плажа. Пред почетокот на туристичката сезона почнаа и изведбените работи покрај езерскиот брег, кој треба да претставуваат простор за плажа што се наоѓа источно од туристичката населба Карач наменета за сопствениците и посетителите на новите викенд-куќи. Новата туристичка населба се наоѓа непосредно до регионалниот пат Р-604 Струмица - Дојран, а истиот ги поврзува и населбите Нов и Стар Дојран.
Со засилени градежни зафати изминатите три месеци во новата туристичка населба Карач во Дојран изградени се 16 нови викенд-куќи, што претставува реализација на 55 отсто од планираните 29 локации за градба.
Новата населба зафаќа површина од 61 хектар од кои над 8.000 квадратни метри се наменети за викендици, 5,6 хектари за зеленило, речиси еден хектар за детско игралиште, а зафаќа и 16,5 хектари од брегот на езерото наменет за плажа.
Пред почетокот на туристичката сезона почнаа и изведбените работи покрај езерскиот брег, кој треба да претставуваат простор за плажа што се наоѓа источно од туристичката населба Карач наменета за сопствениците и посетителите на новите викенд-куќи. Новата туристичка населба се наоѓа непосредно до регионалниот пат Р-604 Струмица - Дојран, а истиот ги поврзува и населбите Нов и Стар Дојран.
- Со ова се реализираат програмските тенденции на општината за развој на туризмот како доминантна стопанска профитабилна гранка, што треба да придонесе за отворање нови работни места и подем на локалното стопанство - изјави градоначалникот на Општина Дојран, Глигор Чабулев.